Норис смета дека Вилијамс ќе бидат закана во средината

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, смета дека Вилијамс произвеле болид кој ги поставува многу поблиску до средината на Формула 1.

Кога ќе започне новата сезона, Мекларен ќе ја бранат титулата “најдобри од останатите“ од првенството во 2019 година. Иако возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, се сомнева дека тимот се подобрил многу од претходната сезона, неговиот сонародник гледа поинаку на работите.

Мислам дека Вилијамс се многу поблиску. Тие се блиску до борбата, мора да ги имаме предвид. Не е повеќе да ги игнорираме во стратегијата или да не бираме кога ќе влеземе во бокс, а кога тие. Мора да ги земеме во предвид, ќе се тркаме против нив. Нема да биде лесно да ги претекнеме.

Мора да бидеме свесни дека има уште еден тим кој ќе биде инволвиран. Освен тоа, не е толку поразлично од минатата година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ