📷 Норис ја претстави својата “пица кацига“

Ландо Норис ја претстави својата нова кацига специјално за Италијанското Гран При инспирирана од пица, италијанскиот специјалитет. 

Британецот веќе користеше неколку различни дизајни на кациги откако се промени правилото и се дозволени промените неограничен број во текот на сезоната.  На домашната трка во Британија тој возеше со кацига дизајнирана од шестгодишно дете, на наредната трка тој ќе вози со дизајн со нацртана пица пресечена со италијанско знаме. 

Норис изјави дека тој сака промена на дизајните и ќе се потруди тоа да го оствари на секоја трка. Тој во моментов е на шеста позиција кај возачите и признава дека пакетот МЦЛ35 нема да биде добар на оваа патека. 

ДОаѓам со повеќе самодоверба од претходните години. Мислам дека го разбирам болидот повеќе од минатата година.

Карлос беше во подобра позиција тука, на Монца, и освои поени. Не е ужасна патека за нас, но нема да сме најсилни бидејќи ги знаеме патеките што ни одговараат.

Ќе добијам казна за промена на мотор и мислам дека тоа нема да е најлошо. Доаѓам со отворен ум и ќе се обидам да постигнам добри резултати – најави норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ