Норис ќе се трка со новиот нос во Русија

Мекларен се одлучија Ландо Норис да го добие новиот нос за трката за Големата награда на Русија.

Карлос Саинз го тестираше носот на Тосканското Гранд При пред две недеки, додека Норис го проба носот во Петок и целта беше да не се направи штета на истиот пред тимот да донесе одлука дали ќе се користи до крајот на викендот. 

И покрај недостатокот на резервни делови доколку се случи оштетување, Мекларен се одлучија да ја возат новата спецификација во текот на трката. Норис беше најбавен на Т3 и не правеше симулација на квалификации додека Саинз беше на трета позиција со стариот нос. 

Направивме мали промени на болидот и мислам дека имаме подобри перформанси. Одлучивме да продолжиме со новиот нос ова утро кај Ландо и целта е да вози на квалификации и трка со истиот.

Кај Карлос ќе останеме со стариот концепт. Новиот нос е дел од поголем пакет кој постепено ќе го имплементираме и ова не се целосните перформанси кои ги очекуваме, Но важно е за нас да собереме што повеќе податоци и затоа ги разделивме болидите.

Во исто време ова е голем логистички потег бидејќи ни недостасуваат делови за новиот нос и работиме на тоа – откри андреас сеидл, шефот на екипата од вокинг.

Новото решение е слично на тоа на Мерцедес, а веќе го користат Рејсинг Поинт и Рено. Но Сочи не беше тестиран само носот н Мекларен бидејќи тие донесоа и нов страничен дел и ново предно крило. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ