Норис eдвај чека да се врати на тркањето

Ландо Норис ги одбројува деновите до почетокот на предсезонските тестови и првото возење на новиот болид на Мекларен за 2020 година.

Норис е пред почетокот на својата втора сезона во Формула 1 откако деби сезоната ја помина со импресивна форма која ја забележаа сите во падокот, како и многуте фанови кои го изгласаа за дебитант на годината. Оваа година се очекува поискусен возач.

Одвај чекам да се вратам во болидот, особено оваа година. Минатата година бев малку нервозен на почетокот со сите новини околу мене, правилата, информациите, стратегиите, начинот на работа, се всушност. Сега, веќе знам повеќе работи. Порелаксиран сум. Наместо да се грижам дали ќе бидам подготвен за првата трка, овој пат знам што треба да правам и поради тоа сум возбуден.

Формула 1 е комплициран спорт. Има толку многу фактори кои влијаат над перформансите и иако ги учите, не може целосно да ги разберете додека не ги искусите. На пример, менаџирањето на пневматиците, да знаете кога да притиснете, кога не и како да реагирате на променлива стратегија.

Мора да мислите долгорочно во трките, а тоа е полесно со искуство.

Ова ќе биде прва сезона во која јас имав инпут во болидот. МЦЛ34 беше дизајниран во 2018 година и иако го возев во неколку сесии, јас немав директен инпут во него, Но за 2020, голем дел од МЦЛ35 е под мое влијание, како и на Карлос.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ