Нормални услови за трка во Белгија се многу неизвесни

Темни облаци висат над Белгиското Гранд При годинава, трка која по традиција се вози на легендарната патека Спа Франкошамп.

Настанот има календарски датум на крајот на Август, но комерцијалниот директор Стивен де Бовер признава дека моменталната ситуација изгледа тешко.

Организираме сè за нормално гранд при, но изгледа тешко. Навистина многу тешко.

Минатата година Спа беше домаќин на трка без гледачи, но Де Бовер веројатно нема да се согласи на тоа втора година по ред.

Имаме надеж, но веќе по трет пат сме во целосна блокада тука.

Тој не исклучува целосно друга трка без гледачи, но признава дека ситуацијата во 2020 година навистина била проблематична. Де Бовер вели дека гледачите на крајот ќе се вратат на Формула 1 трките, но се прашува колку од нив.

Ние мора да имаме одговор од владата пред средината на Мај. Што е дозволено подоцна? Што мислат тие? Што е можно?

Импликацијата на неговите коментари е дека Формула 1 може да изгуби повеќе од Спа, ако една од најпознатите трки не е во можност или не сака да организира трки во такви околностите.

Тие исто така треба да преживеат, нели? Ние им помогнавме минатата година, ние сме дел од историјата на спортот, една од најстарите трки. Не чувствувам никаков притисок.

Но, организирањето да се гледаат само болиди на патеката во крајна линија не е многу интересно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ