Овалот во Бахреин нема да ја замени регуларната патека

Од автодромот во Бахреин не очекуваат овалот да стане регуларна трка од Формула 1 календарот по дебито во Декември оваа година.

Бахреин ќе биде домаќин на две трки до крајот на 2020 година, како дел од новиот “корона календар“, како што беше случајот во Австрија и Велика Британија.

Ова е интересна година, мислам дека одлуката беше донесена поради ситуацијата во која се наоѓаме. Овалот е многу пократка патека, а ние сметаме дека регуларната патека е поинтересна за фановите, поради внатрешниот дел и техничкиот аспект. 

Доколку имавме една трка по сезона и доколку требаше да избереме патека за тој настан, ќе беше меѓународната регуларна патека, која ќе биде како првата трка во Бахреин годинава – изјави шеикот Салман бин Иса ал-Калифа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ