Ова лето нов филм Херои

Ова лето ќе биде промовиран нов филм наречен Херои за животите на четири тркачки легенди. Тој треба да се појави во Јули пред трката во Британија.

Сценарист и режисер е Маниш Панди кој го напиша и документарецот за Сена. Двократниот шампион Мика Хакинен, поранешниот возач на Ферари Фелипе Маса, деветкратниот победник на Ле Ман Том Кристенсен и победникот од рели Мишел Моутон ќе зборуваат за нивните спортски кариери.

Сакавме возачи од различни возрасти и дисциплини да ги собереме на исто место. Тие ќе зборуваат за нивниот карактер и нивната позадина и за тоа колку имаат заеднички работи.

Четворицата возачи ќе зборуваат за нивната страст и нивните трагедии. Во еден дел од филмот ќе видиме инсерти од легендарниот возач Михаел Шумахер.

Јасно е дека возачите ќе зборуваат за нив и ќе раскажуваат приказни, но сепак сакаме да прикажеме и како тие го гледале Михаел. Заеднички за сите нив е Михаел и сакавме тој да биде 5та приказна. Поминаа години од несреќата, но сепак сеуште се зборува за неговите достигнувања и за тоа што го опкружуваше во Ферари.

Панди доби пристап од Либерти Медиа до архивски снимки и невидени снимки од првата победа на Хакинен во Херез во 1997 и губењето на титулата на Маса во последниот круг на Интерлагос во 2008 година.

Правењето филмови е многу техничко кога се работи за Формула 1. Има три делови. Прво е подготовка каде се запознаваат ликовите и наеднаш има заплет. Тоа не спрема за наредната авантура каде се се променува. Има техники кои се развиваат. Тие што прават документарци знаат како да ја раскажат приказната најмногу за тоа дека е потребна вистината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ