Огромни 30 секунди казна за Кими, Алпин во двојни поени

Кими Раиконен доби казна од 30 секунди по што од своето освоено 9то место, официјално се рангира на 14та позиција.

На тој начин во поени влегува Фернандо Алонсо кој заедно со Естебан Окон носат двојни поени за Алпин со 9то и 10то место.

Казната на финецот произлегува од неговот извртување во кругот пред рестартот кога трката беше прекината поради сударот на Ботас и Расел. Согласно спортските правила, по извртувањето Раиконен можел да си ај врати позицијата која ја загубил со извртувањето, но само пред првата линија за безбедносно возило.

Алфа Ромео му дале инструкции на финецот да си ја врати позицијата пред да му кажат да не го прави тоа. Спортскиот правилник веи дека штом возачот не си ја поврати позицијата, треба да влезе во боксот и да ја продолжи трката на тој начин.

Исто така, правилата велат дека за време на старт зад безбедносно возило, штом истото ги изнасне светлото, никој возач не смее да претекнува се додека не ја мине означената линија, а Раиконен претекнувал помеѓу 13та и 14та кривина, а безбендосното возило ги исклучило светлата пред 10от свиок.

Стјуардите сметаат дека возачот добил контрадикторни инструкции да си ја врати позицијата, а потоа спротивното.

стјуардите сметаат дека имало контрадикторни информации кога болидите зад безбедносното возило не смее да претекнуваат, се до рестартот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ