Оди ли Биното во Ауди ?

Добропознатиот италијански новинар и инсајдер, Лео Турини, напиша на својот блог дека поранешниот тимски шеф на Ферари, Матиа Биното, може да стане тимски шеф на Ауди кога тие ќе влезат во спортот.

Кристијан Хорнер изјави дека му е жал за швајцарскиот инженер, но и тој и Тото Волф посочија дека нема место за Биното во нивните екипи.

сигурен сум дека биното ќе може да остане во формула 1 по задолжителната пауза наложена од ферари. сигурен сум дека има понуда од ауди да го води тимот кој наскоро ќе биде на гридот – смета турини.

Матиа беше заменет од Фредерик Васур, кој по престојот во Алфа Ромео го напушти Хинвил. Италијанските медиуми шпекулираат дека задолжителното отсуство на Биното е најмалку 6 месеци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ