Одложено и Канадското Гранд При

Големата награда на Канада официјално е додадена на листата на одложени настани од Формула 1 календарот за 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 вирусот која не се смирува.

Настанот во Монтреал требаше да се одржи на 14 Јуни, а сега е 9та трка која е одложена или откажана, така што Француското Гранд Пр на 28 Јуни е прва трка, теоретски.

Азербејџански Баку пред некое време го откажа учеството во календарот, но во Канада имаа време затоа што поседуваат автодром и немаат потреба од обемна подготовка на улици низ градот за трка.

одложувањето не беше лесно донесена одлука. минатиот месец бевме во константна комуникација со формула 1 и претставници од градот монтреал, туристикото биро на градот, локалната и федералната влада.

ги слушаме директивите кои ги носат здравствените органи како директен резултат од пандемијата. искрено им благодариме на сите кои работат да не одржат здрави, безбедни и сити во овие несигурни времиња – гласи соопштението од автодромот жил вилнев.

Чејс Кери веднаш потенцираше дека за трката ќе биде најден нов датум.

работиме заедно со нашите пријатели во канада минатите неколку недели и ги поддржуваме во сите неопходни одлуки за да се осигураме дека се ќе биде безбедно за фановите и сите во тркачката серија.

секогаш со нетрпение чекаме да допатуваме во неверојатниот град монтреал, но ќе мораме да почекаме подолго и повторно да присуствуваме на одлично шоу, но подоцна годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ