Одложен документарецот за Шумахер

Документарниот филм за животот на Формула 1 легендата Михаел Шумахер, нема да биде прикажан оваа година откако продуцентите решиле да ја одложат датата за негова премиера.

Проектот едноставно наречен “Шумахер“ почна да се реализира во Мај оваа година и треба да ја раскаже неверојатната сторија за Шуми од времето кога бил талентиран јуниор во картинг во Германија се до неговата страшна скијачка несреќа од која сеуште е во кома.

Филмот има целосна поддршка од семејството Шумахер на чело со Корина и неговите деца Џина и Мик, но се чини дека датумот на одложувањето е поврзано со проблеми токму во врска со семејството.

Продуцентите на филмот, компанијата B14 Film, за германски Bild изјавија:

поради многу обемниот материјал режисерите и продуцентите сакаа да поминат повеќе време во работа на филмот.

Како најава за документарецот, Сабине Кем, долгогодишниот менаџер на Михаел откри:

филмот ќе ги покаже врвовите на неговата формула 1 кариера, атлетските достигнувања, но и падовите. секако дек во истиот ќе има досега невидени снимки. ќе може да се види еден безкомпромисен возач, амбициозен млад човек, пргамтичен механичар и доверлив тимски играч и сето тоа во комбинација со семеен човек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ