Одложен состанокот за ограничување на трошењето

Состанокот на кој требаше да се разгледа можноста за намалување на буџетското ограничување, а кој требаше да се одржи во Петок е одложен. Следната година тимовите ќе имаат ограчени средства на располагање, а првичниот лимит беше 175 милиони долари, со исклучок на платите на возачите, врвниот тимски персонал и моторите.

По почетокот на кризата екипите договорија да се намали буџетот на 150 милиони долари, но средината од поредокот, предводена од Мекларен, сакаше и поголемо намалување, нешто на што се противеа Ферари и Ред Бул, додека Мерцедес се двоумеше околу предлогод.

Врвните три екипи во спортот доставија дополнителни анализи и идеи кои ФИА треба да ги разгледа за да се изнајде ново решение.

Состанокот од Петокот е презакажан за следната недела, но термин сеуште не е официјално потврден.

Матиа Биното предложи да се има различни ограничувања на трошењето за различни екипи од гридот. Со буџет од 125 милиони долари многумина од Ферари, Ред Бул и Мерцедес ќе треба да ги напуштат своите работни места затоа што ќе бидат прекубројни. Дополнителен проблем е што во Италија е строго ограничено отпуштањето вработени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ