Од Алпин бараат промена на правилото за стартните боксови

Спортскиот директор на Алпин, Алан Перман, побара ревизија на правилото за позиционирање во стартните боксови откако казна поради грешка во истото доби Естебан Окон во Бахреин и Фернандо Алонсо во Џеда.

Во двата случаи, возачите беа обвинети дека ги поставиле своите болиди премногу на страна и добија казни од по 5 секунди. Одлуката за казна на стјуардите е базирана на Спортскиот правилник од 2022 година во кој се вели дека болидот мора да е во место во стартниот бокс и дека ниту еден дел од гумата не смее да има контакт со линиите кои го ознавуаат местото на поставување.

Проблемот се појавува што возачите имаат многу ограничена видливост од своите болиди и лесно може да погрешат, така што често бараат некоја референца по која се ориентираат, а мала отстапка и премногу лево или десно поставување е логчина.

мислам дека казната е престрога со ова правило со кое болидот треба многу прецизно да застане. никој не стекнува предност ако застана 10 сантиметри полево или подесно, така што не гледам зошто се овие казни. можат слободно да ги означат боксовите на гридо многу пошироки, за тоа не постои правило.

не знам дали ќе го ревидираат тоа, но казни за тоа во ситуација во која возачите не може да имаат јасна слика до каде е болидот е лошо, строго и непотребно.

естебан на стартот се концентрираше да не погреши цел викенд, а одеји на гридо кажа дека немал поима каде е, не можел јасно да види, така што е многу чудно – вели перман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ