Од Пирели највуваат дека новиот асфалт на Поримао ќе биде предизвик

Патеката Алгарве во Портимао ќе добие нов асфалт кон крајот на ова лето во екот на подготовките за Португалското Гранд При кое треба да се одржи во Октомври, а од Пирели сметаат дека тоа ќе биде дополнителен изненадувачки елемент поради непознаоста на патеката.

Портимао беше користен за Формула 1 тестирање во зимата 2008-2009 година, а од тогаш тимовите не ја користеле патеката иако во Април 2017 година Мерцедес имаше приватна сесија за Џорџ Расел со две години стар В06 болид.

Новиот асфалт создава дополнителен предизвик за Пирели затоа што италијанците немаат многу време да се подготват за новите патеки кои спортот ги воведе во таканаречениот “корона календар“.

Директорот за трка од ФИА задолжен за Формула 1, Мајкл Маси, има закажана посета на Алгарве кон средина на следниот месец откако новиот асфалт биде поставен на патеката.

Марио Исола, шефот на Пирели, најавува дека Алгарве ќе биде тешка патека за гумите дури и пред новиот асфалт да биде поставен.

портимао е најтежок за гумите од сите нови патеки, карактеристиките на патеката се такви, а и асфалтот е многу абразивен.

кон крајот на август ќе псотават нов асфалт на патеката, планираат целосна промена на најгорниот слој, а целта е да се има асфалт сличен на оној кој е таму во моментов, но секогаш новиот е проазличен од постоечкиот.

на пример, количеството и нивото на битумен кое го има во новиот асфалт е многу поинакво од стариот и поради тоа ќе ги номинираме трите најтврди компоненти, иако сеуште не е потврдено, но наскоро ќе ги објавиме. чувството ни вели дека ни требаат тврди гуми.

друга работа која ја дискутираме и ќе ја дискутираме се до портимао е дека новиот асфалт ќе има повисоко ниво на грип и многу помалку ќе ги абе гумите. тоа значи дека ќе има многу повеќе топлина во последниот гумен слој, нешто што возачите и екипите ќе треба да го менаџираат во текот на викендот – анализира исола.

Пирели неодамна беа во Муџело со Ферари и на Имола со АлфаТаури како дел од подготовките за сезоната и тоа се нивни последни информации за тие две италијански патеки. Но, последното искуство на Нирбургринг го имаа во В8 ерата во 2013 година.

муџело е позната како патека која е тешка за гумите, а на средина од септември ќе биде и многу топло, така што ќе ги носиме најтврдите гуми таму, ц1 ц2 и ц3.

на имола имаме многу гт трки, сериите на ферари и многу други шампионати. знаеме дека средно тешка е во однос на гумите и очекуваме алокацијата да биде на средина од нашата гама односно ц2, ц3 и ц4. екипите имаат дополнителен предизивик со оглед на тоа што ќе биде дводневен настан и помалку тренинг сесии така што нема да има доволно време да се разбере болидот. тоа носи поголемо ниво на непредвидливост кое ќе го подобри шоуто, но секако дека на инженерите ќе им донесе повеќе проблем.

последниот пат кога бевме во нирбургринг беше во 2013 година и имавме медиум и софт. тешко е да се направи споредба затоа што ситуацијата е целосно различна од тогаш, различни гуми и различни болиди. но, според нашите податоци, патеката средно многу влијае и може да биде ладно во тој дел на годината, така што ц5 е многу екстремно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ