Од 2021 спецификациите на шасијата “замрзнати“ пред Т1

Тимовите во Формула 1 ќе се соочат со замрзнување на спецификациите на шасијата во Петок наутро во тркачки викенд и ќе мора да се определат за големи одлуки кон сетапот пред првиот тренинг од 2021 година.

Како што беше посочено на почетокот на годинава, новиот формат од 3 дена ќе го намали бројот на вработени потребен на патеката во Четврток и ќе ги ограничи активностите на тимовите околу болидот во текот на викендот.

Инспекцијата сега ќе се одржува еден ден покасно, во Петок наутро и ќе мора да заврши еден и пол час пред првиот тренинг. Ќе биде воведена нова спецификација како референца, каде болидите ќе поминат низ првична инспекција, а шасијата, со исклучок на ладниците, ќе биде замрзната.

Развојни елементи ќе може да се тестираат во Т1 и Т2, но не може да се користат во остатокот од викендот, бидејќи болидот мора да се врати кон референтната спецификација пред стартот на последниот тренинг.

Воведувањето на референтна спецификација е важен дел. Ќе може да тестирате во Петок. Ако сакате да пробате ново предно крило, тоа може да го сторите, но не може да го користите во трката.

Идејата е да се престане со потребата за изработка на огромен број делови, доколку предното крило функционира.

Моментално, имате ново предно крило на патеката и го тестирате, загрижени сте дали ќе работи според планираното и поради тоа мора да изработите две или три, за кога ќе се појавите на патека двајцата возачи да може да го пробаат.

Одеднаш имате голем трошок и носите делови во последен момент. Постои корисно начин како може да работиме во еден викенд и да отстраниме голем товар од тимовите – вели Рос Браун.

Дополнително на тоа, парк ферме правилата ќе започнат кога болидот ќе излезе од бокс во Т3. Моментално, тој процес започнува кога болидот заминува од бокс за прв пат по квалификациите. Сите модификации на болидот, сетапот на суспензијата или аеродинамични конфигурации ќе бидат сметани за прекршување на парк ферме правилата и возачот ќе мора да стартува од боксовите.

Првичните спортски правила велат дека Т1 и Т2 ќе траат 90 минути, но Браун смета дека тие би можеле да се скратат, додека Т3 ќе продолжи да трае 1 час. Тимскиот персонал кој работи на болидите ќе има забрана да биде на патеката 13 часа пред четири часа пред почеток на Т1. Исто така, тие ќе мора да имаат 9 и пол часа слободен период кој завршува 3 часа пред Т3.

Нови правила се воведени и за односите со медиумите. Сите возачи мора да бидат достапни за медиумите и за промотивни активности кои не траат подолго од 2 часа и завршуваат не покасно од еден и пол час пред Т1, а во исто време да бидат достапни за минимум 5 минути откако ќе заврши Т2.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ