Окон бил блиску до возачко место во Мерцедес за 2020

Естебан Окон откри дека бил многу блиску да го замени Валтери Ботас во Мерцедес за 2020 година.

Оставен без возачко место откако беше отпуштен од Рејсинг Поинт во полза на синот на сопственикот Лоренс Строл, Ленс, Окон се врати во неговиот првичен тим, Мерцедес. Седејќи покрај патеката како официјален резервен возач, постоеја шпекулации дека Окон е фаворит да го замени Ботас по падот во форма на финецот на средин од сезоната.

Мерцедес сепак одлучи да му даде уште една шанса на Ботас, а по тоа Окон потпиша договор со Рено како тимски колега на Даниел Рикардо. 23-годишниот французин вели дека бил многу блиску да стане тимски колега на Хамилтон во 2020 година. Во интервју за ЕСПН, запрашан дали место во Мерцедес била сериозна опција, Окон одговори:

Беше. Бев многу блиску и се до последниот момент имаше отворени дискусии. Но тоа е завршена приказна и мора да гледам пред себе и да се фокусирам на тоа што е пред мене. Нема да навлегувам во детали. Можеби ако го прашате Тото.

Мислам дека само тој ја донесе одлуката, но мислам дека тој може да објасни подобро. Тој ми објасни и на мене, но неговата главна причина е бидејќи сум сеуште млад и имам време.

Мерцедес сеуште ме менаџираат, што не е поврзано со самата екипа. Но иднината е долга во Формула 1 и сигурен сум дека ќе се видиме повторно. Не сме далеку едни од други во падокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ