Окон задоволен со мошне продуктивниот тест со Рено

Естебан Окон имаше можност за прв пат да го тестира болидот на Рено во текот на дводневниот тест на Пирели неделава во Абу Даби, а французинот успеа да извози 205 кругови. Окон не се тркаше во Формула 1 по одлуката на Рејсинг Поинт да го донесат Ленс Строл покрај Серхио Перез, додека французинот остана со улога на резервен и тест возач на Мерцедес.

Годинава беше објавено дека Окон ќе го замени Нико Хулкенберг во Рено како тимски колега на Даниел Рикардо за 2020 година, а во Абу Даби тој беше ослобен од должностите со Мерцедес за да вози позади управувачот на Рено Р.С.19 при тестот на компонентите на Пирели за 2020 година.

Бевме зафатени овие два дена во Абу Даби со одличен крај на 2019 година. Тестот беше многу продуктивен, вредеше да тестираме овие два дена. Работевме на многу работи, што беше корисно.

Повторно се навикнував на се околу мене. Имаше неколку работи од моја страна кои ги појаснив и исто така идентификувавме некои области на кои треба да работиме во зимскиот период.

Сакам да им се заблагодарам на Рено за можноста, му посакувам на тимот пријатен зимски период по толку долга сезона и одвај чекам да ги видам повторно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ