Окон задоволен со освоените поени

Естебан Окон освои поени на Имола за Алпин иако тимот имаше тежок старт на сезоната во Бахреин. 

Тој беше подобар од неговиот колега Фернандо Алонсо на квалификациите и успеа на трката да заврши на 10та позиција пред Кими Раиконен да биде казнет што му донесе дополнителен поен и 9то место. Овој резултат е одличен за французинот бидејќи веќе се зборува дека Гасли е можен кандидат за возач на Алпин наредната година и тој мора да се докаже за да го задржи местото. 

Добро е што освоив поен и Ова е добра награда за сите. Не беше лесна трка, Има потенцијал и повеќе шанси за повисока позиција на наредните трки.

На суво болидот е добар и можеби можевме да се искачиме повисоко на гридот. На суво беше лесно, но на влажно беше различна приказна – откри естебан.

Трката беше прекината по инцидентот на Расел и Ботас и мораше да се рестартира. 

Имавме долга и исцрпувачка трка до крајот после рестартот. Имаше интересни борби со Фернандо и со нетрпение го чекам наредниот викенд. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ