Окон имал “уништувачки“ распоред лани

Естебан Окон откри дека иако не се тркал лани, имал уништувачи распоред и бил преморен од работата што требало да ја заврши како резервен возач на Мерцедес. Тој напорно работел во симулаторот, потоа одел на патеката и голем дел од викендите ги минувал во патување за да стигне на време.

сезоната која ја имав бараше огромна посветеност од мене. не спиев по цели два дена, беше лудо колку патував, работев со часови во симулаторот и потоа патување на патеката и слични работи за мерцедес. ме искористуваа навистина многу.

по тестот кој го одработев во абу даби стигнав дома и искрено бев најлесен во животот. бев уништувачки заморен од минатата сезона – откри окон.

И покрај тоа што минатата година земала мнгоу од него, тој е подготвен и мотивиран за годината која следува во која ќе  се врати на гридот како возач на фабричкиот тим на Рено крај Даниел Рикардо.

немав одмор зимава затоа што цело време работев на личната подготовка на пиринеите, како и секогаш порано. наместо да почнам во фабриката на 5ти или 6ти како што е вообичаено, јас почнав на вториот ден од месецот, а си скратив и од божиќните празници.

не бев дома цела зима, цело време бев во фабриката и крај неа. моите цели во однос на подготовката се постигнати, се здебелив 4,5 килограми чиста мускулна маса што е одлично за два месеци.

среќен сум со мојот личен развој и имам одлична база за почеток.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ