Окон: Имаме шанса да бидеме уште подобри

Естебан Окон од Рено е одлучен да се пласира на уште повисока позиција викендов на Штаерското Гранд При по првата трка минатиот викенд.

Французинот беше многу задоволен што освоил поени на својата прва трка со тимот и е благодарен што може повторно да се трка во првенството.

Освојување на поени на првата трка со тимот е многу задоволувачко чувство. Знам дека ова се први поени за Рено во Австрија по нивното враќање во Формула 1, така што тоа е добро и ја покажува напорната работа на сите.

Помина подолг период од последниот пат кога стартував и задоволен сум што се вратив на тркањето со награда. Мојот старт не беше најдобар, но потоа возев чисто, останав во трката и успеав да завршам во топ 8. Знаеме дека има мали делови кои може да ги подобриме, но имаме уште една шанса викендов да бидеме уште подобри.

Тренирав цела недела и малку се одморив. Сеуште се навикнувам на тркањето. Имаме уште две трки во оваа низа, така што одморот е поважен од било што. Уживав во пејсажите тука и потоа се фокусирав на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ