Окон искрен: Тешко го поднесов заминувањето на Верстапен во Ф1

Естебан Окон беше Формула 3 првак во 2014 година, победувајќи го Макс Версапен и поради тоа тешко го поднел фактот што токму Верстапен беше промовиран во Формула 1 следната година.

Сезоната кога дебитираше во Торо Росо од Фаенца, холанѓанецот имаше само 17 години и стана најмлад возач во историјата на спортот.

мислам дека прв пат се тркав против макс верстапен во 2010 година. беше тешка година за мене поради транзицијата од картинг, бев сам со татко ми цело време и се боревме со големи и сериозни екипи.

макс и јас секогаш бевме блиску еден до друг на патеката, некогаш дури и преблиску. во 2011 година се боревме за титула, а на крајот тој победи. се саќавам на трката во италија когас јас победив, а заедно со макс бевме многу пред останатите. ривалството почна тогаш, а како одминуваа годините станувеш се пожестоко – се присетува окон.

Окон во 2014 година стана Европски Формула 3 шампион со девет победи на трка таа сезона, но Макс имаше победа повеќе вклучително и шест последователни триумфи, но тоа го донесе само до трето место во поредокот. Сепак, таквите перформанси му овозможија Формула 1 кокпит следната година, нешто што Естебан многу тешко го прифатли.

овторно станавме жестоки ривали, макс стануваше многу силен и редовно ме предизвикуваше за победа и одеднаш тој стана човекот кој треба д го победите. имавме таканаречен троек рекорд кога ги победувате сите три трки во еден викенд, верстапен го направи тоа два пати, јас еднаш, во москва.

се боревме цело време, а во трката во русија за малку ќе ме победеше, имавме контакт неколку пати, исто како во картинг порано.

јас ја освоив титулата таа година, но тежок момент за мене беше што макс потпиша договор да се трка во формула 1, тоа беше одлично за него, но јас тешко го преживеав. тој беше на трето место во првенството, јас бев шампион, а немав место во врвната категорија во тој момент.

следуваа гп2 тестови, но ништо не беше потврдено за мене. јуниорската програма на лотус во тие моменти имаше проблеми, јас бев во место и беше тежок период, но ја искористив таа мотивација, знаев дека треба да продолжам со работа и да бидам на врвот во јуниорските категории за да стигнам до формула 1.

тоа беше моја крајна цел, а не соочување со макс, туку придружување кон него во врвната серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ