Окон: Не бевме брзи како Ферари и Мекларен

Французинот од Алпин, Естебан Окон, се пожали на ритамот и брзината на неговиот болид на трката за Големата награда на Шпанија. 

Французинот имаше импресивни квалификации втор викенд по ред, но се мачеше на трката со грешната стратегија и заврши зад Серхио Перез, Даниел Рикардо, Карло Саинз и Ландо Норис во средината од поредокот. 

Окон си замина со два поени за пласманот на 9то место, додека неговиот колега заврши на лошата 17та позиција. 

Беше тешка трка. Треба да разгледаме зошто не бевме брзи како Ферари или Мекларен. Позитивно е што минатата година не освоивме поени, а сега си заминуваме со два поени.

Не е идеално после такви квалификации, но сепак одиме на наредната трка. Ќе видиме какви ќе бидеме во Монако каде имаме мотивација за подобар резултат – најави естебан. 

Извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, се согласи со Окон за брзината која им недостасува. 

Имавме добри квалификации, но резултатот од трката не беше посакуван. Изгубивме позиции на стартот, две за Окон и една за Фернандо, Но мислевме дека ќе успее стратегијата.

За среќа Естебан успеа да освои два поени, Фернандо остана без гуми на крајот и без поени. Немавме брзина како Ферари и Мекларен и ќе се фокусираме на тоа, Но обезбедивме два поени кај конструкторите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ