Окон не бил физички подготвен по сударот во Сабота

Возачот на Алпин, Естебан Окон, заврши на 8та позиција во Мајами и смета дека имал последици од сударот на тренингот во Сабота. 

На последниот тренинг во пресрет на квалификациите, французинот заврши во заштитната ограда на комплексот кривини број 13 и 14, беше пренесен во медицинскиот центар и доби дозвола да се трка. 

Имав огромен судар од 51Г и беше доста болен – откри естебан.

Поради сударот, тој стартуваше од крајот на гридот, но напредуваше и заврши во поени. 

Имав различен предизвик. Понекогаш може да имам среќа, но не бев целосно подготвен за трка. Тука беше тешко и влажно како во сингапур. 

Окон верува дека во тој дел треба да има Текпро бариера за да се намали ризикот при удар. 

патеката е добра, но потребно е дел за излетување. Тогаш би била целосно различна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ