Окон обвинува: Алонсо не одработе ни 2% од работата

Есебан Окон тврди дека тој работел 98% од работата во Алпин, враќајки на скорешните коментари на Фернандо Алонсо.

Додека возеа еден крај друг изгледаше како двајцата да се сложуваат одлично, но откако стана јасно дека ќе замине од Енстон, шпанецот јавно го критикуваше тимот и колегата.

секако дека сум разочаран од неговите коментари во медиумите кои не беа интерно споделени. немавме никакви разговори околу тоа, така што јас ќе ја задржам почитта која ја имам кон него, но добро е што оди во астон мартин, а ние продолжуваме по нашиот пат.

искрено, 98% од работата во алпин ја работев јас, тој работеше едвај 2% од она што требаше да се сработи. јас бев премногу оптеретен, работев на развој, возев во симулатор, работев маркетинг – објасни французинот.

На крајот, француската фабричка екипа заврши на 4то место во конструкторскиот поредок, а Окон бил импресиониран од агресивниот развој кој го имале во текот на годината. Како замена за Нандо, Алпин го носат Пјер Гасли, исто така французин и стар познаник на Окон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ