Окон оптимист: Моја цел е подиум догодина

Французинот Естебан Окон уверува дека не е разочаран што на Формула 1 гридот се враќа преку фабричкиот тим на Рено наместо преку доминантните Мерцедес кои го поддржуват во досегашниот тек од неговата кариера.

Тото Волф, шефот на Мерцедес, долго време размислуваше дали да го замени или задржи Валтери Ботас за следната година, а Окон беше прва алтернатива на финскиот возач.

не сум воопшто разочаран. јас сум со француска екипа која има големи амбиции да се врати на врвот за неколку години и тоа не може да донесе разочарување туку олеснување – изјави 23-годишнио французин.

Официјални лица на Рено веќе потврдија дека се фокусираат на 2021 година, така што следната сезона ќе биде ушт една преодна и жртвувана година.

амбициите на рено за 2020 година се д бидеме подобри од оваа година која одработевме под очекувањата и екипата сака многу повеќе од тоа. амбиција секако дека не ни е да бидеме 5то место.

поради тоа мораме сериозно да напредуваме и да го развиваме болидот, да се доближиме до водечката тројка. моја цел е да дојдам до поиум во текот на сезоната и ако успееме во тоа значи сме напредувале.

Естебан веќе го имаше рпвото искуство со овогодинешниот РС19 болид на дводневниот тест по трката во Абу Даби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ