Окон открива: Промените во Рено се огромни

Естебан Окон откри дека со промените кои се направено во Рено последните неколку години откако тој не е дел од екипата, фабриката на фабричкиот тим била непрепознатлива, а тој останал импресиониран.

Првите врски на Естебан со Формула 1 беа преку Рено, односно поранешниот Лотус кога во 2014 годин беше нивни јуниорски возач, а две години подоцна стигна до резервист во тимот. Во 2017 година договор му понудија Мерцедес и тој стана нивни штитеник и возеше во Форс Индија крај Серхио Перез, а минатата сезона паузираше.

Годинава младиот француз се враќа во фабричката екипа на Рено каде ќе вози крај Даниел Рикардо, три години откако ги напушу Енстон и Вири.

познавав некои луше од тимот, но од 2016 година откако заминав од таму се случиле огромни промени. формула 1 многу брзо еволуира и напредува, а во рено се пораснало и тоа многу. сепак, мислам дека нема да имам проблем да се сместам и подготвен да ја дочекам првата трка.

импресиониран сум затоа што пораснав во енстон кога бев помлад, а изгледа дека многу работи се промениле. кога ја посетив фабриката за прв пат лани не можев да се снајдам, имаше многу нови работи и луѓе и се беше одлично. ќе бидам силно мотивиран годинава – најави естебан,

Тестот во Абу Даби по крајот на минатата сезона бееш прво официјално појавување на Окон во Рено, а тестот во Барселона ќе биде моментот кога прв пат ќе го проба новиот РС20 болид.

возбуден сум и не можам да дочекам на барселона. имавме многу време да се подготвиме и се чувствувам спремен за предизвикот. тестот во абу даби во декември навистина многу нми помогна затоа што ми требаше нешто такво за да се навикнам на сите во тимот и да бидам подобро подготвен за сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ