Окон сака Алонсо да остане во Алпин

Естебан Окон потенцираше дека би сакал Алпин да го продолжат договорот на неговиот колега, Фернандо Алонсо. 

Тимот на Рено размислува да го донесе својот талентиран младинец, Оскар Пиастри, на местото на АЛонсол веќе од наредната година. Можно е да има несогласувања помеѓу Алонсо и менаџментот на Алпин откако се виде дека тој вознемирено удира по управувчот за време на трката во Канада. 

Добро е да сум колега на Фернандо. Откако тој дојде во тимот, многумина ми рекоа дека ќе ми биде тешко, но тоа не е точно. Ние сме одлични колеги и уживам работејќи со него. Секако Фернандо не мора ништо да докажува и сака да продолжи во Формула 1. Сеуште има мотивација како лав – посочи французинот.

Окон признава дека цели на подиум или на победа оваа сезона. 

Би сакал да победам повторно, Но мора да сум реален дека не сме во таква позиција. Можеме да го направиме тоа. Верувам во проектот и затоа потпишав договор од повеќе години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ