Окон се надева дека подиумот е само почеток

Французинот Естебан Окон се надева дека подиумот од Монако е старт на нешто посебно за Алпин кој имаа тежок почеток оваа сезона. 

По трката во Мајами, тимот се најде под жестока критика на Главниот извршен директор Лорен Роси поради перформансите. По двојните поени во Мајами, сега Окон дојде до подиум во Монако кој е прв за него од победата во Унгарија пред две години.  Тој имаше силни квалификации и не се предаде ниту на трката и ја задржа позицијата до крајот. 

Донесовме надградби на Монако и се надевам дека беа во вистинска насока. Мислам дека сме добри и се подготвуваме за наредниот викенд во Шпанија. Тоа ќе биде добар тест – изјави освојувачот на подиум.

Шансите за подиум за малку ќе му беа уништени откако во него удри Карлос Саинз во броба за позицијата на шиканата по тунелот, а подоцна беше и под притисок од Хамилтон во влажни услови. 

Беше тешка трка, но Го задржав подиумот и покрај се. Дождот ги измеша работите и морав да преминам на интермедиа во вистинско време. Така и се случи.

Подоцна бев под притисок на Луис. Се познаваме добро во вакви услови. Тој одеше до крај, но јас бев побрз во некои свиоци. Беше тешка трка, но ја задржав контролата и Многу сум задоволен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ