Окон: Се обидовме тимски да му помогнеме на Алонсо

Естебан Окон откри дека Алпин се обиделе да играат тимски со цел да му се помогне на Фернандо Алонсо да се одбрани од нападите на Валтери Ботас на Канадското Гранд При.

Двократниот првак стартуваше од првиот ред откако имаше второ време на квалификациите и возеше на 7мо место кога почнаа неговите проблеми со моторот, а страдаше најмногу брзината на правците, така што беше ранлив во однос на финецот од Алфа Ромео. Окон беше пред него и забави за да му дозволи да се доближи и да добие ДРС со цел да осгане пред Алфа.

Планот одлично се покажа затоа што Нандо финишираше на 7мо место, иако потоа доби казна од пет секунди што го назади две позиции.

Окон од своја страна беше задоволен со своето 6то место и откри дека чувството на трка било подобро одошто во остатокот од викендот.

тимот може да биде задоволен од денот, болидот беше некако пожив на трка одошто претходните два денови така што треба да разбереме зошто тоа беше така, но ги максимизиравме можностите. болидите пред нас беа многу брзи, а побрзи беа и оние зад нас кои успеавме да ги задржиме.

валтери кон крајот силно го притискаше фернандо, а ние се обидовме тимски да му помогнеме со тоа што го оставивме да се доближи до мене и да добие дрс, а тој одлично си го одработе својот дел.

фернандо имаше проблем со моторот и губеше малку моќ од истиот, така што јас забавив намерно за да го повлечам и да му овомзможам да добие дрс за да се брани од валтери.

тимски одработевме одлично и успевме да ги задржиме алфа ромео, иако беше многу блиско и густо на трката. ова е одличен поттик и мотивација за нас во конструкторскиот шампионат особено поради фактот што мекларен не освоија поени денеска – посочи окон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ