Окон ужива во новиот пристап на Алпин

Естебан Окон откри дека нов пристап и новиот тим околу него во Алпин прават да се чувствува многу подобро од минатата година и посигурен од кога било оваа сезона.

Откако оваа година Рено беше ребрендиран како Алпин, тимот одлучи да го замени поранешниот тимски шеф Сирил Абитебул и наместо тоа се одлучи да ги подели одговорностите помеѓу извршниот директор Марцин Будковски и новиот директор на трки, Давиде Бривио.

Поранешниот шампион Фернандо Алонсо исто така се приклучи на оваа сезона, но Окон се чини дека успева и добро се претстави против својот тимски колега од висок профил.

Имам различен тим на луѓе околу мене. Имаше многу промени во текот на зимата, пристапот беше доста различен, но повеќе по мој вкус.

Во моментот имаме силни викенди и се чувствувам многу сигурен во тимот, многу добро интегриран, многу подобро од минатата година.

Знам што ми треба од болидот и кога ќе споделам информации, момците знаат што да стават на болидот. Во моментов работи навистина добро – задоволен е французинот.

Алпин направи чекор напред на последните две трки во Португалија и Шпанија, особено во еден круг на квалификациите, каде Окон се квалификуваше за одлично петто место.

Дефинитивно е добро да се направи таков чекор во однос на перформансите.

Ние продолжуваме да притискаме и ќе се обидуваме да ја намалиме разликата, но барем покажавме дека работиме добро, во смисла на прогресија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ