Олав Мол: Тешко Фетел да стигне до Мерцедес

Познатиот Холандски Формула 1 аналитичар и коментатор, Олав Мол, не смета дека Себастијан Фетел може да ја продолжи својата тркачка кариера во врвната моторспорт серија во шампионскиот Мерцедес. Германецот ќе се раздели од Ферари на крајот од оваа сезона, а Тото Волф најави дека тој е интересен за компанијата.

мое мислење е дека постои само еден кокпит каде фетел може да се докаже следната година доколку одбере да продолжи во формула 1. тоа седиште треба да го сака и тоа е местото во мерцедес – изјави мол за F1 aan Tafel.

Холанѓанецот смета дека коментарите на Волф не мора да значи дека се знак оти шампионската екипа го сака 32-годишникот во своите редови.

по мене таков развој на настаните има смисла. сите велат дека мерцедес не демантира дека нема да го потпие фетел и дека тој е опција, што е логично затоа што се работи за германска компанија која би добила многу со негов ангажман.

дали таков трансфер ќе се случи не знам, но мислам дека ќе биде екстремно тешко да се реализира.

Олав смета дека клучен фактор ќе бидат перформансите на Себастијан оваа сезона, особено на последните трки кои е ги одработи за Скудерија.

многу ќе зависи од неговата форма. ќе биде клучно дали ќе шета низ падокот со високо крената глава или низ “задна врата“ ќе ја напушти серијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ