Олимпико анализа: Пирели очекуваат трка со едно застанување

Врз основа на податоците од симулациите на долги серии во Петок, доставувачот на гуми во Формула 1, италијански Пирели, очекува трка со едно застанување во текот на 53те предвидени кругови од Француското Гранд При.

Оекувањата се дека времето ќе биде суво и допли исто како во Сабота со максимални 32 степени темепратура на воздухот и 46 степени температура на асфалтот. Сепак, последните прогнози се дека пред трката е можен и дожд.

Пол позицијата беше освоена од Макс Верстапен со користење на најмекиот Ц4 истата компонента со која беше најбрз и на утринската сесија. Сите од прваата десеторка ги користеа средните Ц3 за да минат од К2 во К3 што значи дека на жолто маркираните гуми ќе се стртува.

Компанијата од Милано смета дека 53те предвидени кругови на Пол Рикар ќе се комплетираат со една промена. Топ 10 ќе стартува на медиум, а се очекува да има една промена дури и кај оние надвор од најбрзата десеторка. Опција е и почеток на најтврдите гуми кај оние од подолните стартни редови, но секако дека неизбежно кај сите е промена на софт.

Можно е и старт на софт и промена на медиум, но ризично поради тоа што меките гуми може брзо да деградираат ако биде претопло, така што од софт на хард е поизвесна варијанта.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ