ОМП Рејсинг стана технички партнер на Вилијамс

Вилијамс Рејинг објавија дека ОМП Рејсинг станува нивни нов технички партнер од оваа тркачка сезона и во иднина.

ОМП Рејсинг е лидер во производство на безбедносни компоненти за тркачки болиди како и делови за заштита на возачите кои се користат во сите тркачки серии. Тие ќе ги снабдуваат со компоненти возачите на тимот, Џорџ Расел и  Николас Латифи како и целокупниот персонал на Вилијамс и тоа заштитна опрема, облека, ракавици како и останати “потребштини“ за фабриката на тимот од Гроув.

Компанијата од својатра фабрика во Џенова ќе го снабдува Формула 1 тимот и со безбедносни држачи за повеќе намени изработени од ултра-лесни материјали како титаниум и ергал, материјали полесни за 45% од титаниумот, но и 50% поцврсти.

Дополнително ОМП Рејсинг ќе доставува и патни торби за целокупниот персонал, а нивниот бренд ќе биде видлив на облеката, заштитните појаси и потпирачите за глави на возачите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ