Ботас не можел да го избегне остатокот од болидот на Фетел

Валтери Ботас откри дека немал доволно време да реагира и да одбегне остатоци на патеката од други болиди, остатоци кои го оштетија неговиот под и го забавија неговиот болид.

Финецот поведе од пол позиција, но во вториот круг мина низ голем отпаднат дел од некој болид. До првото влегување во бокс тој го држеше Макс Верстапен на добра оддалеченост од себе, но потоа следуваше промената на гуми по која го загуби водството и го доби Верстапен зад себе.

На Раваца финецот прешироко мина дури излета на песочниот дел и ја загуби позицијата од Верстапен, кој потоа се откажа поради ексползоија на задното десно тркало и повторно му ја врати позицијата на возачот на Мерцедес.

По трката, Мерцедес веднаш преку социјалните мрежи го сликаа остатокот кој го извадиле од болидот на Ботас кога тој застанал за промена на гуми.

делот кој влезе во мојот болид направи голема разлика денеска. стартот беше добар, тоа беше главно што требаше да се одработи денеска.

во вториот круг при излезот од 7та кривина имаше остаток од нечиј болид и немав време да го избегнам. го видов и целев да миам со средината на болидот преку него, барем да не ги дупнам гумите. но, тоа ме чинеше штета по која болидот стана многу потежок за возење.

навистина притискав силно за да го задржам макс зад себе, возев над границата и направив грешка по која ја изгубив позицијата – појасни валтери.

Во моментов тој заостанува 85 поени зад Хамилтон во возачкиот поредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ