Откажана Големата награда на Франција

Формула 1 објави дека Француското Гранд При кое требаше да се вози на крајот на Јуни на Пол Рикар е откажано, така што сезоната во најпрестижната тркачка серија би можела да почне најрано во месец Јули.

На почетокот на месецов Владата на Франција објави дека ќе ги продолжи постоечките мерки за дополнителен месец, мерки за забрана на јавни и групни настани како дел од борбата против пандемијата на Ковид-19 кој жари низ Европа.

Емануел Макрон, Претседателот на Франција објави дека до средина на Јули се забранети јавни настани во земјата, така што “во вода пропадна“ датумот 28 Јуни кој беше зацртан како ден кога ќе се одржи трката на Ле Кастеле. Организаторите денеска потврдија дека трката официјално е откажана, но и дека нема да се враќа во календарот годинава, исто како и Монако и Австралија.

жалиме што мораме да информираме дека поради неможноста да го одржиме француското гранд при годинава, ќе мораме да почекаме до следната тркачка сезона.

здравјето и безбедноста на гледачите, партнерите и сите вклучени во формула 1 приоритет. ние ја поддржуваме одлуката на француската влада и годинава нема да организираме трка.

сакаме да им се заблагодариме на клиентите и на администраторите на патеката, партнерите и сите компании кои го помагаа настанот – гласи официјалното соопштение од пол рикар.

По откажувањето на французите, Австриското Гранд При кое согласно првичниот календар треба да се одржи на 5 Јули е прва трка од календарот.

поради развојот на настаните поврзани со пандемијата на ковид-19 вирусот, големата награда на франција согласно одлуката на владата одлучи дека е невозможно да се организира трката. веќе сме насочени кон следната година за да им понудие на посетителите настан кој нема да го заборават – најави ерик булие, шефот на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ