Откако мина првиот тест со Ферари, Пирели го објави распоредот

Шарл Леклер и Ферари ја почнаа оваа Формула 1 сезона одработуваји тест за Пирели и 18-инчните тркала кои ќе треба да се возат следната година. Во Сабота со посебно модифициран болид младиот возач од Монако возеше на шпански Херез со што беше комплетиран првиот од вкупно 25 денови кои италијанците ги добиј како подготовк асо сите 10 тимови за 2021 година.

Почетокот на денот во Херез мина во знакот на маглата која го спречи возењето, но потоа беа комплетирани 130 кругови со модифициран СФ90 болид, а Ферари не даде согласност да се објавуваат никакви официјални слики од нивниот болид.

Сите екии се обврзаа да модифицираат болид за таа намена кои ќе бидат користени и на крајот од сезоната на заедничкиот тест во Абу Даби.

Сите екипи добиваат по два суви денови тестирање, додека Мерцедес, Ферари и Ред Бул е поделат утше 5 денови во тест на мокра патека.

Тимовите од средина на поредокот преферираа да се вклучат во тестот на половина од сезоната откако ќе се намали притисокот од новат сезона и сета гужв околу борбат за превласт. Некои екипи сакаа да ги одработат два денови одеднаш, додека Мерцедес и Ферари сакаа да тестираат на различни патеки и во различни делови од сезоната.

Скудерија единствена возеше пред почетокот на сезоната, а пред трката во Австралија имаат закажано уште еден ден на мокра патека во Фиорано.

Февруари 8 – Херез, Ферари

Февруари 5 – Фиорано, Ферари (мокро)

Март 24 – Шакир, Рено

Март 25 – Шакир, Мерцедес

Мај 12 – Барселона, Ред Бул / Алфа Ромео / Рено

Мај 13 – Барселона, Ред Бул / Алфа Ромео

Мај 26 – Пол Рикар, Ред Бул (мокро)

Мај 27 – Пол Рикар, Ред Бул (мокро)

Јули 7 – Ред Бул Ринг, Алфа Таури

Јули 8 – Ред Бул Ринг, Алфа Таури

Јули 21 – Силверстон, Рејсинг Поинт / Вилијамс / Мекларен

Јули 22 – Силверстон, Рејсинг Поинт / Вилијамс

Септември 8 – Пол Рикар, Мекларен

Септември 9 – Пол Рикар, Мерцедес / Ферари

Септември 10 – Пол Рикар, Мерцедес (мокро)

Сњптември 11 – Пол Рикар, Мерцедес (мокро)

Октомври 13 – Сузука, Хаас

Октомври 14 – Сузука, Хаас

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ