Официјалната Виртуелна серија продолжува месецов

Официјалната Виртуелна Гранд При серија на Формула 1 продолжува од 31 Јануари годинава и ќе се вози два последователни тркачки викенди.

Минатата година кога почетокот на реалната сезона беше непознаница, а трките секојдневно беа откажувани, Виртуелната серија “земаше замав“ така што многу редовни возачи, спортисти и познати личности се тркаа на официјалната игра. Џорџ Расел, Ландо Норис, Шарл Леклер и Алекс Албон редовно го стримуваа своето возење на Твиче.

Оваа сезона ќе почне на крајот на Март и ќе има поразреден распоред, така што Виртуелните трки ќе бидат загревање, а промени ќе има и во форматот на возењето во симулатор.

над 30 милиони луѓе се вклучија и ги гледаат виртуелните трки лани за да ги видат формула 1 ѕвездите, спортските икони и музичарите како претставници на 10 формула 1 екипи на 8 настани во живо кои беа тогашна замена за официјалниот календар. ф1 еспорт серијата беше главна во моменти кога реалното тркање изостана.

виртуелните гранд при трки се враќаат на програмата во недела на 31 јануари за три настани во послеователни викенди каде екипите ќе се борат за награда која ќе биде давана во добротворни цели. болидите ќе ги возат сегашни и поранешни возачи, славни личности и професионални онлајн играчи.

форматот ќе биде променет во однос на лани, професионалните играчи ќе имаат спринг трка од пет кругови за да го одлучат гридот за главната трка, додека тандемите од екипите составени од познати “фаци“ ќе возат 50% од тркачката дистанца за да обезбедат поени во поредокот.

тимскиот шампионат ќе биде следен на сите настани и тоа ќе реши како еќ се распредели наградниот фонд кој ќе се даде во добротворни цели – открија од формула 1.

 

На минатогодишната Вирутелна Гранд При сезона, возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, стана првак откако победи на последните четири трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ