ОФИЦИЈАЛНО: Брачес и Ф1 секој по свој пат

Формула 1 официјално потврди дека комерцијалниот шеф на спортот, Шон Брачес, заминува од својата функција, а како причина се наведува неговата желба да минува повеќе време со семејството во Соединетите Американски Држави.

Тој официјално ќе го препушти своето место на крајот на овој месец иако ќе осане поврзан со Формула 1, но во советодавна улога.

Гласините околу заминувањето на 59-годишниот американец почнаа да кружат кон крајот на минатата година, а Чејс Кери, како прв човек на спортот, најави дека иднинат на Брачес ќе се решава по крајот на сезоната.

Шон “направи име“ како прв човек на ЕСПН пред да стне комерцијален шеф на Формула 1 по превземањето на спортот од страна на Либерти Медиа во Јануари 2017 година и беше дел од тројцата кои ја раководеа врвната тркачка серија, заедно со Чејс Кери и Рос Браун. Главен негов фокус беа провизиите кои Ф1 ги наплаќаше од организаторите, спонзорсите договори како и телевизиските договори.

Брачес работеше од базата на Ф1 во Лондон и му беше тешко да биде толку долго одвоен од семејството кое живее во Конектикат и откри дека губел премногу време во патување наместо со своите четири сина.

минатите три години во формула 1 беа неверојатно патешествие во кое уживав секој момент. сакам лично да му се заблагодарам на тимот и спортот за огромната посветеност, тие се најдобри помеѓу најдобрите и убеден сум дека ќе продолжат да им служат на фановите и да испорачаат стратегија која се поставува.

горд сум што ја оставам формула 1 во подобра состојба од 2017 година кога дојдов и знам дека темелите кои ги поставив ќе продолжат да се развиваат за фановите низ светот – изјави брачес по повод своето заминување.

шон ја трансформираше комеријалната страна на формула 1, а плод на неговата работа е покажам во нашиот моментум и раст како бизнис. задоволен сум што шон ќе продолжи да биде наш советник од својот дом во америка и секогаш ќе биде дел од формула 1 семејството – смета кери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ