ОФИЦИЈАЛНО: Рено дисквалификувани од пласманот во Јапонија

И двата болида на Рено се дисквалификувани од Јапонското Гранд При поради користење на недозволено помагало за возачот.

По протест од Рејсинг Поинт, стјуардите на ФИА оддржаа сослушување во Среда за да го евалуираат системот за подесување на соодносот на сопирачките користен од Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг во Сузука и сметаат дека истиот е легален.

Но иако стјуардите сметаат дека системот не противречи на техничката регулатива, сепак сметаат дека тој е помагало за возачот. Како резултат шестото и деветото место на Рикардо и Хулкенберг се одземени.

Протестот на Рејсинг Поинт бил основан на податок дека однапред подесен сооднос на сопирачките е прекршување на Формула 1 регулативите. Документи на ФИА откриваат дека претпоставки и претходно биле направени од поранешен вработен во Рено.

Според Рејсинг Поинт системот го прекршува Членот 27.1 од спортската регулатива според која возачот треба да го вози болидот сам и без помагала. Во исто време, дека тоа е прекршување на Членовите 11.1.3, 11.1.4 и 8.6.3 од техничката регулатива кои забрануваат уреди кои го менуваат балансот на сопирачките или било каков систем кој не е контролиран од возачот.

Рено инсистираат дека системот за подесување на соодносот на сопирачките не користел показател од кругот и дека е во рамките на техничката регулатива. Тие исто доставиле целосен преглед на системот до ФИА, но истиот е доверлив и нема да биде објавен во јавноста.

Сепак, иако се јасни дека системот е во рамките на техничките правила, стјуардите сметаат дека истиот е нелегално помагало за возачот.

Системот за подесување на балансот на сопирачките функционира како возачко помагало и му помага на возачот да прави помалку подесувања во еден круг.

Има јасна разлика помеѓу овој систем и таков кој повикува инпут од возачот, што е замена за способностите и рефлексите на возачот. Сепак, тоа е помагало и поради тоа го прекршува член 27.1 од спортската регулатива на Формула 1 – гласи одлуката на стјуардите.

Одлуката да се дисквалификуваат Рикардо и Хулкенберг од конечниот резултат е донесена бидејќи се смета дека тие се здобиле со предност преку системот. Рено имаат период да поднесат жалба до 10 часот во Четврток наутро по локално време во Мексико.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ