ОФИЦИЈАЛНО: Ф1 и Мајами постигнаа начелен договор

Првата Голема награда на Мајами е чекор поблиску до реализација неделава откако беше постигнат начелен договор помеѓу Формула 1 и Хард Рок стадионот.

Првичната замисла беше болидите да се тркаат на обалата на Мајами и познатото пристаниште на најголемиот град на Флорида, но поради проблеми од локалното население таа идеја беше напуштена.

Главен човек кој притиска за оваа трка е Стивен Рос, сопственик на Мајами Долфинс НЛФ тимот како и Хард Рок стадинот. Тој предложи трката да се одржува околу стадионот, регионот познат како Мајами Гарденс, по штоа почна напорна работа од страна на организацијата за сите потребни дозволи.

Конечно, двете страни постигнаа начелен договор и се очекува првата трка во Мајами да стане реалност од 2021 година.

воодушевени сме да објавиме дека формула 1 и хард рок стадинот постигнаа начелен договор за одржување на првото гранд при на мајами околу стадионот.

проценките велат дека годишниот приход ќе изнесува повеќе од 400 милиони долари и ќе бидат ангажирани повеќе од 35 илјади соби, така што трката ќе биде економски силно оправдана за јужна флорида секоја година.

благодарни сме на фановите, официјалните лица и локалната туристичка индустрија за нивното трпение и поддршка во текот на процесот. нетрпеливи сме да го донесеме најголемиот тркачки спектакл на планетата за прв пат во еден од најгламурозните региони во светот – гласи заедничката изјава на главниот извршен директор на мајами долфинс, тон гаринкел и комерцијалниот шеф на спортот, шон брачес.

Ова е огромен чекор кон обезбедување на втора трка во Америка, но сеуште има одредени пречки од одговорните лица на областа каде трката треба да се одржи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ