Оштетеното предно крило на Макс направило проблем

Ред Бул открија дека откачениот страничен дел од предното крило на болидот на Макс Верстапен за време на трката на Ред Бул Ринг се заглавило во страничното крило на болидот по што тој губел доста перформанси.

Холанѓанецот имаше за цел да го нападне Луис Хамилтон за победа на Штаерското Гранд При, но немаше шанси за тоа, а штетата која ја предизвика минувањето преку една ивица од тротоар, го чинеше перформанси и го загуби дури и 2то место од Валтери Ботас.

Ред Бул првично не биле свесни за загубените перформанси од болидот на холанѓанецот пред да им стане јасно дека откачениот дел завршил заглавен во страничните крила и ги рушел перформансите.

Пол Монаган, главниот инженер на тимот, ја објасни штетата која му давала проблеми на Верстапен.

минавме агресивно прку една жолта ивица и тоа го откачи долниот дел од страничната плочка од предното крило. делот потоа се заглави во страничните крила што никако не беше добро по перформансите.

не само што имавме делови кои висеа од крајниот де лна предното крило, туку имавме и странични крила каде воздухот не струеше соодветно.

следуваше и мала штета на задното крило, веројатно некои парчиња отпаднале од вибрациите, така што состојбата во која болидот беше пуштен на патеката не беше воопшто иста со онаа во која беше вратен на крајот од трката.

Кристијан Хорнер, шефот на екипата, откри дека по податоците од РБ16 болидот веднаш виделе дека Макс загубил перформанси со минување преку тротоарот, но не знаеле колку точно губи.

штетата настана со минување преку тротоарите на 9та кривина од патеката, а момците во фабриката веднаш го увиделе тоа по податоците и загубата на потисна сила.

не можевме да видиме точно колку штета имавме се додека болидот не беше вратен во парк ферме на крајот од трката. штетата беше значителна и имаше влијание врз животниот век на гумите, но детална анализа на податоците ќе ни даде повеќе информации.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ