Оштетен гробот на Рони Питерсон во Шведска

Гробот на поранешниот победник на Гранд При трки, Рони Питерсон, е оштетен откако вандали уништиле повеќе надгробни споменици на гробишта во Шведска.

Возачот има 10 Формула 1 победи зад себе, а животот го загуби на Италијанското Гранд При во 1978 година при судар на стартот, а неговото вечно поивлиште беа гробиштата во неговиот роден град Оребро.

Шведскиот весник Nerikes Allehanda пренесува дека сквернавењето на гробиштата се случило во Недела навечер, а вандалите нападнале различни споменици, а оној на Питерсон не бил цел на нападот.

ова е срам. настанот нема никаква врска со самиот питерсон и се покажува дека изборот на уништените гробници е случаен – изјавуваат од локалната црква.

Супер Швеѓанецот е најуспешен возач од Шведска и зад себе има 123 Формула 1 трки, а заврши на второ место во возачкиот поредок во два наврати. При сударот во Монца во 1978 година се здоби со тешки повреди на нозете, а потоа следуваше и емболизам кој се покажа како фатален за него. На погребната церемонија неговиот ковчег го носеа Ники Лауда, Џејмс Хнд Џоди Шектер и Емерсон Фитипалди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ