Палмер: Албон не помага во борбата со Мерцедес

Перформансите на Алекс Албон на Штаерското Гранд При беа критикувани од Џулион Палмер, кој вели дека возачот на Ред Бул не помага во борбата на врвот.

Албон беше осамен во втората трка на Ред Бул Ринг, додека Макс Верстапен се обидуваше се за да го отежни животот на дуото на Мерцедес. Албон на крај се пласираше на 4то место, но тоа не заслужи пофалби од аналитичарите.

Во Спа минатата година кога дебитираше за Ред Бул тој изгледаше во одлична тркачка форма, Но тој не се квалификуваше и стартуваше од последно место и имаше добра трка со пласман на петто место. Си рековме, ок не го познаваме, но изгледа добро.

Сеуште е добар, можеби и преагресивен понекогаш, но формата не е присутна и тоа е помала грижа во моментот. Морам да кажам дека околу 40от круг си помислив дека албон се трка. Возеше со перформанси со кои Верстапен можеше да го претекне.

За среќа успеа да забрза кога Перез го нападна и потоа беше брз во завршницата. Во битката помеѓу Ред Бул и Мерцедес, поради тоа е потребен Фернандо Алонсо. Ако имате двајца како Макс, тогаш можеби Ботас немаше да заврши на второ место.

Еден како Макс може да биде поразен, а некој како него и Алонсо може да работат заедно, но Албон, како што вози моментално, не нуди ништо во борбата на врвот и мора да се подобри за да му помогне на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ