Палмер смета дека има психолошка војна во Ферари

Поранешниот Формула 1 возач, а сегашен аналитичар, британецот Џулион Палмер, смета дека во Ферари се случува психолошка војна која итно треба и мора да сопре.

Себсатијан Фетел и Шарл Леклер направија хаос с онивното ривалство на патеката во Бразил откако имаа контакт тркајќи се по што завршија надвор од трката пред самиот нејзин крај борејќи се за подиум.

во ферари се случува класична психолошка војна. лелкер го мина фетел на првата кривина, многу добро и чисто го направи тоа, беше фантастично, доцна сопираше, беше решителен да мине од внатре, брилијантно одработено.

потоа не му даде на фетел доволно простор, првично изгледаше доста тесно, потоа остави простор, но фетел продолжи да се движи кон средината, односно кон леклер и го удри додека возеа доста брзо на правец.

двајца колега од исти тим навистина не треба да прават такви работи. прв пат се тркаат чисто без никакви тимски наредби и ова е неприфатливо.

нема да го критикувам матиа биното што им остави да се тркаат, но тие не смее да се удиртаат како колеги кои возат за иста екипа. тоа е недозволено и нема никаков начин да се обвини биното за тоа што се случи помеѓу двајца врвни возачи. тие се виновни и срамота е – гласи мислењето на палмер.

Запрашан дали смета оти врз Фетел во моментов има спуштено “темни облаци“, тој одговори:

мислам дека темните облаци се спуштаат кога психологијата се појавува. ривалитетот е многу интензивен како што видовме на многу, многу трки годинава. помеѓу нив има голема тензија.

сигурен сум дека откако фетел излезе од првата кривина си помисли “нема шсанса да те пуштам“ и го направи она што го направи.

сигурен сум дек фетел знае што направил и дека тоа не е во ред. како и да е тоа помешу нив мора да престане.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ