Пандемијата ги измеша моделите на Ферари

Формула 1 екипите беа под голем притисок изминатите 12 месеци затоа што мораа брзо да се адаптираат и променат како реакција на глобалната пандемија која донесе голема финансиска криза.

Календарот беше драстично променет, а на сила стапија нови протоколи, но пандемијата донесе и одложување на новите правила за една сезона откако истите првично беа планирани да се воведат годинава. Дополнително, шасиите од лани ќе се користат и годинава, а развојот е силно ограничен со цел да се заштеди.

Ланскиот Скудерија Ферари се викаше СФ1000 во честа на 1000то Гранд При за екипата во Формула 1, а интерно во Маранело беше познат како Проект 671. Логично е новиот болид кој веќе е објавено дека ќе се вика СФ21 да биде Проект 672, но тоа нема да биде случај и покрај тоа што болидот ќе има огромни сличности со псвојот претходник.

Новиот Скудерија е официјално дизајниран како Проект 673, а причината е тоа што на почетокот на 2020 година кога светот беше “нормален“, Скудерија дифајнирале нов болид за 2021 година, но поради тоа што тој проект е одложен откако стапија на сила мерките за штедење, новиот проект е 673.

Во Ферари, Проект 672 е всушност болидот со таканаречениот “земјен ефект“ кој првично беше планиран за 2021 година, но одложен за следната, а постоеше и забрана за работа над истиот за време на оваа сезона.

Сепак, од првиот ден на оваа година, екипите иамат дозола да работат на своит еболиди за 2022 година, така што Проект 672 оживеа и во Маранело под полна пареа се работи на тој болид за 2022 година.

Во меѓувреме, Проект 673 е всушност шасијата од Проект 671 односно СФ1000 со ограничени аеродинамички подобрувања направени согласно системот на токени и целосно новиот агрегат кои италијанците веќе некое време го развиваат.

Новиот болид ќе има ревидиран заден дел не само поради новите правила за подот, но и поради воведување на новиот пренос. Ќе биде инсталиран нов и потесен менувач кој ќе дозволи задната суспензија да се редизјанира и да се ослободи задниот дел од “нервозата“ која ја покажуваше лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ