Парите за учество на Мелбурн се опростени

Ситуацијата беше надгледувана од другите промотери кои чекаа да видат што ќе се случи со уплатеното учество на трката во Австралија. Тоа сега е опростено и парите ќе им бидат вратени на сите кои купиле карти за настанот кој беше откажан два часа пред првата тренинг сесија во Петок. 

Корпорацијата на Австралиското ГП и Формула 1 дојдоа до договор. Ние не треба да платиме на Формаул 1 за учество на календарот оваа година. Трката не се случи и сега треба да ги вратиме парите на оние кои купиле влезници за настанот. Парите од картите се милиони долари и треба да се вратат – изјави министерот за спорт Мартин пакула. 

Настанот беше откажан откако се потврди дека член на Мекларен е позитивен на корона вирус и тимот донесе одлука да не учествува на трката. Подоцна беше откажана трката и некои возачи веќе си имаа заминато накај европа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ