Патеката во Индија претворена во центар за карантин

Патеката на која се возеше трката за Големата награда на Индија од 2011 до 2013 година сега се користи како дом за повеќе мигранти, работници кои го напуштаат Делхи на пат кон нивните домови откако градот е во 21-дневен карантин. Во Индија до сега има 1.300 заболени и 32 починати од вирусот.

Официјалните лица се загрижени за десетиците вработени од градот кои се ризик за ширење на вирусот и поради тоа се отворени привремени центри за карантин.

Властите се сигурни дека на патеката и нејзините објекти може да сместат 5.000 лица. Оваа одлука да се пренамени спортскиот центар во карантин доаѓа откако властите ја запленија патеката поради неплатеното земјиште од 80 милиони долари.

Џајпи Груп која ја изгради патеката западна во финансиски проблеми и поради тоа беа спроведени правни мерки за превземање на патеката од државата. Покрај патеката, индиските власти го превземаа и Џавахарлал Нехру стадионот за истата намена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ