Пенске демантира дека го купува Мерцедес

Американецот Роџер Пенске ги демантираше гласините дека има намера да го купи Формула 1 тиот од Мерцедес со зборовите “апсолутно неточно“.

Германските медиуми пренесоа дека 82-годишната американска тркачка легенда и милијардер сака да го превземе шампионскиоте тим во екот на несигурноста од новите правила по 2020 година.

Тото Волф изјави дека се надева оти Мерцедес ќе останат, првиот човек на Даимлер најави дека Формула 1 е добра за нив, но официјален потпис на нов договор со Либерти Медиа сеуште нема, порати што шпекулациите за шесткратните полседователни прваци почна да кружат.

Минатата недела Пенска ја купи врвната американска тркачка серија, Индикар, како и славниот Индианаполис Мотор Спидвеј.

апсолутна невистина, веќе купив се што сакав – изјави пенске за racer.

На состанокот со инвеститорите Даимлер веќе открија дека ќе воведат програма со која планираат да заштедат 1 милијарда евра годишно. Формула 1 екипта потроши 310 милиони евра во 2018 година, но направи профит од 13 милиони евра, но маркетинг придобивките се многу поголеми од финансиската добивка за корпорацијата и се проценув дека се над 1 милијарда фунти на годишно ниво.

Даимплер корпорацијата поседува 60% од Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф е сопственик на 30%, а починатиот Ники Лауда на 10%.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ