Перез: Беше важно да извадам максимум

Серхио Перез имаше уште едни одлични квалификации за Саудиското Гранд При и го повтори ланскиот успех со нова пол позиција.

Откако Макс Верстапен имаше проблем со преносот во средниот квалификациски сегмент и утре ќе тргне од 15то место, мексиканецот ја превзема одговорноста и мораше да испорача силен резултат за екипата од Милтон Кинс. Неговото време беше доволно за да го победи Ферари и Леклер за 15 стогиники во борбата за најдоброто стартно место.

беше многу важно да се извади максимум од кругот затоа што имавме проблем во првиот круг и моравме да се подобриме, го знаевме тоа.

штета е за макс затоа што имаше навистина силен викенд до сега. се надеваме дека на трка двајцата ќе се бориме за победа затоа што со овие болиди никогаш не се знае и може во било кој момент нешто да откаже – свесен е перез.

Верстапен беше најбрз на сите три тренинг сесии во пресрет на квалификациите, но дефектот дојде во најлош момент за него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ