Перез: Грешка од Леклер беше единствен начин за второ место

Серхио Перез откри дека знаел оти силен притисок врз Шарл Леклер и принудување тој да погреши на крајот од Јапонското Гранд При било единствена шанса за него да дојде до подобар пласман од возачот на Ферари.

Мексиканецот се возеше на 3то место по мократа сузука, со Шарл Леклер пред него, а колегата Верстапен далеку напред. Поредокот на водечките остана непроменет и по боксовите и промената на интермедиа гуми, но силното темпо на Шарл Леклер на почетокот од серијата донесе неговите предни гуми брзо д адеградираат, така што Перез го стигна кон крајот на трката.

Возачот на Ред Бул буквално се залепи до Ферари во последните моменти од трката и како што двајцата минуваа низ шиканата, Леклер ја промаши точката на кочење и успеа да остане пред Перез само поради тоа што ја пресече шиканата. На крајот, за тој потег доби пет секунди казна, а Ред Бул доби 1-2 на трката.

иавме убава борба и мислам дека беше многу тешко да се претекне без користење на дрс. имав ритам во болидот на 11та кривина, излезот од 14та и приодот кон 17от свиок, но таму и шарл беше многу силен.

видов дека одлично менаџира со трката, неговите гуми се потрошија, но многу ми отежнуваше. знаев дека единствен начин да го претекнам беше да го притиснам силно и да го натерам да направи грешка.

кон крајот на трката, мислев дека иаме уште еден круг и тогаш тој излета, а јас сметав дека добив можност, но тоа не се случи. на крајот доби казна и тимот стигна до одличен резултат од јапонија – опиша перез.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ